Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2017

Македонија со херојско реми во Италија!

Македонската репрезентација одигра одличен натпревар против Италија во Торино и со голот на Александар Трајковски се избори за нерешен резултата против четирикратниот светски шампион.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одигра еден од најдобрите натпревари во квалификациите и со огромен бод се враќа од тешкото гостување на „аѕурите“.
Иако Италија важеше за огромен фаворит пред средбата, нашите репрезентативци во голем дел од средбата беа подобри од домашните ѕвезди, а особено одиграа добро во второто полувреме.
Италија имаше контрола на играта во првото полувреме,  но до водство дојде дури во 40-тата минута кога по една школска акција Имобиле му асистираше на Кјелини за 1-0.
Македонија второто полуврвеме го почна многу поофанзивно, а Италија пробуваше да го брани резултатот.  Нашите репрезентативци правеа убави акции и создаваа шанси и конечно во 77. минута Пандев го проигра Трајковски кој се проби во шеснаесетникот и со силен шут го совлада Буфон за израмнување на 1-1.
До крајот на мечот Македонија не ѝ дозволи на Италија да создаде ниту една шанса за победа и  стигна до големо и заслужено реми.
Ова е уште еден одлично издание на нашата репрезентација која на последните три средби има една победа против Израел и две ремија, против Албанија и Италија.
Во понеделник е следниот и последен предизвик за македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во Русија, во Струмица ја пречекуваме селекцијата на Лихтенштајн.

Најнови вести