Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

Челзи без Канте најверојатно шест седмици

Стандардна процедура по секоја репрезентативна пауза е пребројување на повредените играчи. По завршувањето на квалификациите за Светското првенство, еден од нив е и Н’голо Канте, кој најверојатно ќе мора да паузира шест седмици.

Играчот на Челзи ја повреди тетивата играјќи за Франција и најверојатно ќе ги пропушти сите натпревари кои „сините“ ги играат во октомври.
Канте беше заменет во 34-тата минута од натпреварот меѓу Франција и Бугарија и по прегледите во клубот, потврдено е дека се работи за повреда на тетивата, а интернационалецот на Челзи се очекува да се врати на теренот дури во ноември.
Сега Антонио Конте ќе мора да го составува тимот за премиерлигашкиот натпревар против Кристал палас (во сабота), но и за против Рома во Лигата на шампионите (на 18-ти октомври).
До крајот на овој месец, Челзи во Премиер лигата ќе игра против Ватфорд и против Борнмут, во Лига купот против Евертон, а тука се вклопува и реваншот со Рома во Лигата на шампионите (на 31-ви октомври).
Сè уште се чека официјално соопштение од Челзи за тоа кога Канте би можело да се врати на теренот.

Најнови вести