Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

Солзи и два гола на збогувањето на Робен

Арјен Робен, капитенот на Холандија, го одигра неговиот последен натпревар во дресот на репрезентацијата.

Иако на „лалињата“ им беше потребна победа од 7-0 против Шведска за пласман на Светското првенство, Холанѓаните на крајот славеа со 2-0, а двата гола ги постигна одличниот крилен напаѓач. 
Првиот гол го постигна од пенал, а вториот по асистенцијата на Рајан Бабел.
Робен при интонирањето на химната на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам пушти и солза.
Фудбалерот на Баерн за репрезентацијата на Холандија настапи 96 пати и постигна 37 голови.

Најнови вести