Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Икарди: Неописливо чувство

Мауро Икарди, капитенот на Интер, го одбележа последното „Дерби дела Мадонина“, со хет-трик го сруши Милан, а по натпреварот имаше само еден коментар: „Неописливо“.

Аргентинецот првиот гол го постигна во првото полувреме, потоа погоди и во другото, а потоа го реши натпреварот од пеналот во последната минута.
„Посебно е чувството кога топката ќе ја однесете дома од ваков натпревар. Тоа е неописливо. Знаев дека ќе бидам стрелец денес, тоа им го реков на некои соиграчи пред натпреварот. Ги пуштив критичарите да зборуваат, а потоа го направив тоа што е потребно на теренот. Му помагав на тимот да постигнува голови. Не може секогаш да се биде стрелец“, изјави Икарди по натпреварот.
„Интер со поразот од Јувентус го презеде второто место на табелата со два бода зад лидерот Наполи, кај кого „нераѕурите“ гостуваат следниот викенд.
„Рано е уште да се зборува за Скудетото. Од предсезоната работиме правилно, се концентрираме само на следниот натпревар, сега тоа е Наполи. Тоа ќе биде посебен натпревар за мене бидејќи се лидери и играат најдобар фудбал во Европа“, изјави Аргентинецот.

Најнови вести