Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Челзи со нов проблем: Мозес ќе паузира еден месец

Челзи сè повеќе заостанува во трката за освојување на титулата во Премиер лигата, а Антонио Конте има сè поголеми проблеми со повредени фудбалери.

Н’голо Канте ќе паузира од теренот речиси уште еден месец, а на последниот натпревар со Кристал палас се повреди и стартниот десен бек Виктор Мозес.
Камерунецот заработи повреда на градското дерби, а со лекарските прегледи беше утврдено дека го скинал мускулот на ногата. Тоа значи дека Мозес ќе отсуствува најмалку еден месец, а италијанскиот стратег ќе мора да му даде шанса на Запакоста.
Добра вест за Конте е тоа што Алваро Мората почна да тренира со полн интензитет и ќе може да игра во натпреварот од Лигата на шампионите против Рома.

 

Најнови вести