Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2017

Хрватите со Грција, дерби меѓу Шведска и Италија во баражот

Северна Ирска – Швајцарија, Хрватска – Грција, Данска – Република Ирска и Шведска – Италија се паровите од европскиот бараж за пласман на Светското првенство 2018 година.

Првите натпревари од баражот се играат на деветти и на 11-ти ноември, реваншите на 12-ти и на 14-ти, а првите извлечени репрезентации ќе бидат домаќини на стартот на натпреварувањето.
Во преостанатите два натпревари од баражот на останатите квалификации играат Перу против Нов Зеланд, односно Хондурас против Австралија, а се чекаат уште три места за пат во Русија од африканските квалификации.
Светското првенство се игра во Русија следната година, од 14-ти јуни до 15-ти јули.

Најнови вести