Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Клоп: Извонреден состав, преубав фудбал

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека е пресреќен по најубедливата гостинска победа на англискиот клуб во историјата на европските натпреварувања.

„Црвените“ го декласираа словенечкиот шампион Марибор со 7-0, а претходно со 5-0 беа подобри од Рејкјавик во 1964 година, од Крусејдерс во 1976 и од Хака во 2001 година.
„Ставот на моите играчи беше извонреден. Од првата секунда бевме на место“, изјави Клоп по рекордниот триумф.
„Постигнавме одлични голови и прикажавме преубав фудбал. Многу ми е мило што останавме сконцентрирани и во второто полувреме. Во ова натпреварување секогаш морате да бидете на сто отсто бидејќи противниците се многу добри“, додаде тренерот на Ливерпул.
Двократен стрелец на тимот од „Енфилд роуд“ беше Мохамед Салах.
„Одигравме одличен натпревар и овој резултат е многу важен за нас. Мораме да гледаме напред. Екипата работи добро. Во последните неколку натпревари немавме доволно среќа, пропуштивме многу шанси, но сите бевме уверени дека ќе дојдат резултатите. Среќен сум“, изјави Салах.
Ливерпул во недела гостува кај Тотенхем во деветтото коло од Премиер лигата.

Најнови вести