Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Роналдо пред Раул, ги брка поранешните асови на Реал и на Барса

Кристијано Роналдо, напаѓачот на Реал Мадрид, синоќа стана трет играч во историјата според бројот на одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Триесет и двегодишниот напаѓач беше во стартната постава во ремито на актуелниот шампион на Европа против Тотенхем (1-1), во третото коло од групната фаза на натпреварувањето.
На Португалецот тоа му беше 143-ти натпревар во најсилното европски клупско натпреварување и со третото место ја престигна легендата на Реал, Раул.
Повеќе натпревари од Роналдо имаат одиграно Чави Ернандес (151), некогашниот играч за врска на Барселона, и Икер Касилјас (166), поранешниот голман на Реал Мадрид, кој моментно со Порто учествува во Лигата на шампионите. 
Во осумте натпревари одиграни синоќа беше постигнат дури 31 погодок, а најубедлив беше Ливерпул.
На Роналдо погодокот од пенал против Тотенхем му беше 110-ти во елитата и убедливо е прв на листата на стрелците. Зад него се наоѓа Лионел Меси со 96 во 116 дуели, а трет е Раул, кој постигна 71 гол во 142 натпревари.

Најнови вести