Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Кавани: Не морам да бидам пријател со соиграчите

Единсон Кавани, првотимецот на ПСЖ, изјави дека приказните за пеналите и за судирот со Нејмар се минато и дека тоа што ќе се случи во соблекувалната, треба таму и да остане.

Сè уште не се заборава спорната ситуација која се случи во шестото коло на француската Лига 1, кога ПСЖ играше против Лион. „Светците“ славеа со 2-0, додека Кавани во 80-тата минута не успеа да реализира пенал, а претходно не му дозволи на Нејмар да го изведе.
Потоа се шпекулираше за понуда од управата на парискиот клуб, тешка еден милион долари, за Уругваецот изведувањето на пеналите да му го препушти на Бразилецот.
„Приказните за пеналите се минато. Тоа е нешто што се случува во фудбалот. Треба да најдеме компромисно решение и да функционираме како тим“, изјави Кавани и додаде:
„Мојата фудбалска култура е малку поинаква од останатите. Она што ќе се случи во соблекувалната, таму и останува. По сето тоа, има некои луѓе коишто сакаат многу да зборуваат, измислуваат работи кои не се ни случиле. Не мораме сите да бидеме пријатели или како семејство. Сè што е потребно е да бидеме професионалци, да се почитуваме и да даваме сто отсто на теренот.“
Нареден предизвик на играчите на ПСЖ ќе биде дуелот со Андерлехт во Лигата на шампионите, кој на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

 

Најнови вести