Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2017

Конте: Праведен резултат, се мачевме

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека смета дека ремито со Рома е праведен резултат.

„Сините“ го испуштија водството од 2-0, но успеаја и да избегнат пораз бидејќи Рома направи пресврт на 3-2 во средината на второто полувреме.
„Чесно. Тежок натпревар против добар тим. Во првото полувреме се мачевме и покрај двата гола, имавме проблеми со поседувањето на топката, игравме добро, но нашиот фудбал е поинаков од денешниот. Промената на системот не беше добра, но кога си во тешка ситуација, понекогаш мора да менуваш и да импровизираш. Кога го направивме тоа во второто полувреме, и ситуацијата се промени“, изјави Конте.
Челзи го задржа првото место во групата Ц со седум бодови, два повеќе од Рома пред реваншот во Рим за две седмици.

Најнови вести