Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2017

Аспиликуета: Лоша атмосфера во екипата

Сесар Аспиликуета, дефанзивниот играч на Челзи, изјави дека признава дека лошата форма влијаела на атмосферата и на моралот на играчите на тимот од Лондон.

„Сините“ во третото коло од Лигата на шампионите останаа непоразени против Рома благодарение на голот на Еден Азар во самата завршница за 3-3.
Претходно изгубија во Премиер лигата од последнопласираниот Кристал палас и од моментно лидерот на првенството, Манчестер сити.
Менаџерот Антонио Конте со тоа за прв пат изгуби два натпревари во низа откако го презеде Челзи.
„Моментно расположението не е најдобро. Имавме добиен натпревар против Рома, но дозволивме пресврт. Добро е што се боревме и покажавме карактер, што нам ни се исплатеше со бод. Сепак, веќе три натпревари не можеме да победиме, што влијание на моралот на играчите. Ќе направиме сè за да ја прекинеме таа низа во следниот натпревар“, изјави Аспиликуета.
Челзи има шанса да се врати на победничкиот колосек утре, кога „сините“ го дочекуваат Ватфорд. „Стршните“ се едно од најпријатните изненадувања на досегашната сезона, но немаат славено на „Стемфорд бриџ“ од 1986 година.
Тимот од Лондон ја зазема петтата позиција на табелата со скор од четири победи, реми и три порази.

Најнови вести