21.10.2017 Озил им кажал на соиграчите: Ќе одам во Јунајтед
Како што пренесуваат англиските медиуми, Месут Озил, офанзивниот играч за врска на Арсенал, им соопштил на колегите во клубот дека ќе го напушти Лондон, а дека негова нова дестинација ќе биде Манчестер јунајтед.
Германскиот репрезентативец во 2013 година од Реал направи трансфер во Арсенал, но сега одлучил по завршувањето на сезона, кога ќе биде слободен играч, да оди во Јунајтед.
Озил наводно на играчите им ги открил неговите намери, а како што пренесува „Дејли Мирор“, за тој трансфер е заинтересиран и Жозе Мурињо, бидејќи Германецот го смета за еден од најдобрите фудбалери со коишто има соработувано (Реал).
Англиските медиуми пишуваат и дека во Лондон сакаат Озил да го продадат уште во јануари, што за Арсенал би била многу подобра опција бидејќи би заработил пари на трансферот.
Се очекува реакција од Манчестер јунајтед, кој според проценките на медиумите, за седмична плата на Озил би требало да издвои околу 350 илјади фунти.
Арсенал претходната сезона на Озил му понуди нов договор со седмични примања од 250.000 фунти, но во меѓувреме дојде до поинаков развој на настаните бидејќи офанзивниот играч сака да го напушти стадионот „Емирати“.