Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2017

Алегри: Му благодарам на Манџукиќ што доби црвен картон

Дури и со играч помалку, Јувентус немаше проблеми во дуелот со Удинезе и славеше со убедливи 6-2.

Марио Манџукиќ во 26-тата минута доби два жолти картони, така што нема да игра на наредниот натпревар.
Тренерот Масимилијано Алегри изјави дека смета дека исклучувањето на Манџукиќ дури му направило услуга на неговиот тим, бидејќи тоа било добар тест за сите играчи на Јувентус.
„И онака сакав да го одморам Манџукиќ на следниот натпревар. Всушност, сакам да му се заблагодарам, бидејќи за да се вратиме на победничкиот колосек, мораме да заиграме посилно во одбраната и да се напатиме за да стигнеме до резултатот. Така што можам само да му се заблагодарам“, изјави Алегри по натпреварот.
Јувентус моментно се наоѓа на третото место во Серија А, а Манџукиќ оваа сезона постигна четири гола во сите натпреварувања.
„Старата дама“ за два дена го дочекува СПАЛ во наредното коло.

 

Најнови вести