Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2017

Клоп го отстрани Ловрен во 31-вата минута, тој го избриша Ливерпул

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен минатиот викенд беше во центарот на вниманието откако Јирген Клоп го замени само по половина час игра.

Ловрен за помалку од 15 минути предизвика два гола, коишто му помогнаа на Тотенхем да го прегази неговиот клуб со 4-1 во дербито на осмото коло.
Ловрен прво лошо го процени летот на топката по центаршутот на Трипан, по што Хари Кејн погоди во четвртата минута, а во 12-тата не ја погоди топката на центарот откако со рака ја исфрли Уго Љорис, голманот на Тотенхем, Кејн ја собра и помина по крилото, а потоа му ја сервираше на Сон за 2-0.
Потоа следуваа навреди за хрватскиот стопер на социјалните мрежи, но и од ТВ-коментаторите, коишто изразија чудење како толку лош играч склон кон грешки настапува за еден од најголемите клубови на светот и заработува по 100.000 фунти седмично.
Клоп по натпреварот изјави дека екипата играла очајно во одбраната, а Петер Шмајхел, некогашниот голман на Манчестер јунајтед, изјави дека смета дека Германецот го уништил својот играч и дека тој би требало да преземе одговорност бидејќи Ливерпул играл лошо во одбраната и откако Ловрен излегол од игра.
Хрватскиот репрезентативец го избришал Ливерпул како клуб за којшто игра од неговиот профил на „Инстаграм, како и неговата слика со „аватарите“.

Најнови вести