Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2017

Милер повреден, ги пропуштa Лајпциг, Селтик и Борусија Дортмунд

Томас Милер, фудбалерот на Баерн од Минхен, ќе отсуствува од теренот околу три седмици бидејќи го повреди бутниот мускул на десната нога, соопштија „баварците“.

Милер повредата ја доживеа на натпреварот против Хамбургер минатиот викенд, кога „баварците“ славеа со 1-0.
Тој во игра влезе на почетокот на второто полувреме, а се повреди во 52-рата минута, кога му асистираше на Корентен Толисо при постигнувањето на голот.
Милер поради повредата на бутот, ќе ги пропушти натпреварите против Лајпциг во Купот на Германија и во Бундеслигата, како и гостувањето на Селтик во Лигата на шампионите, но и дербито против Борусија Дортмунд во првенството закажано за четврти ноември.

 

Најнови вести