Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2017

Очекувано: Роналдо повторно најдобар

Португалецот Кристијано Роналдо по петти пат ја освои наградата за најдобар фудбалер на годината во изборот на ФИФА, пред Лионел Меси, играчот на Барселона и Нејмар од ПСЖ. Реал Мадрид ја собра и наградата за најдобар тренер бидејќи таа му припадна на Зинедин Зидан.

Португалецот оваа награда ја заслужи поради огромните заслуги за фантастичната сезона на Реал Мадрид, кој речиси по половина век ги врза шампионските титули на Шпанија и на Европа. Зад него беа Лионел Меси и Нејмар.
„Ова е голем момент за мене. Прв пат сме во Англија, а јас ја освоив наградата во низа. Привилегија е да се биде во вакво друштво. Им благодарам на навивачите, на Реал, на соиграчите“, изјави Роналдо.
Покрај Роналдо, голема заслуга за европската двојна круна и онаа во Шпанија има и Зинедин Зидан, кој последнава година и пол создаде империја од Реал. Тој во конкуренција на тренерите на Челзи и на Јувентус, Антонио Конте и Масимилијано Алегри, ја доби наградата за тренер на годината.
„Им честитам на Антонио Конте и на Масимилијано Алегри. Но посебна благодарност до играчите коишто ова го направија возможно. Ова е посебна награда“, изјави Зидан.
Многу емотивен беше изборот на Џанлуиџи Буфон за голман на годината. Италијанецот во изборот ги победи Кејлор Навас и Мануел Нојер.
„Многу сум среќен. За мене е голема чест што во овие години ја добив оваа награда. Му благодарам на клубот, на тренерите и на соиграчите што ова го направија возможно. Се надеваме дека можеме да бидеме уште подобри, а кариерата сакам да ја завршам со фантастична победа на Италија“, изјави Буфон.
Наградата за најдобри навивачи отиде во подржувачите на Селтик поради фантастичното обележување половина век од освојувањето на Купот на европските шампиони. Најдобра фудбалерка е Лике Мертенс. Најдобриот тим го сочинуваат: Буфон – Дани Алвес, Марсело, Рамос, Бонучи – Модриќ, Иниеста, Крос – Нејмар, Меси, Роналдо.
Наградата за гол на годината, очекувано, му припадна на Оливие Жиру за мајсторијата против Кристал палас.

Најнови вести