Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2017

Челзи во Сари гледа замена за Конте?

Челзи би можело за нов тренер да го именува Маурицио Сари ако Антонио Конте добие отказ, пишуваат италијанските медиуми.

Сари би можело да добие 12 милиони евра годишно. Ако Конте не ги исполни очекувањата оваа сезона, многу лесно на крајот би можело да се најде на излезните врати на клубот од „Стемфорд бриџ“.
Во тој случај се очекува негова нова дестинација да биде Милан, кој оваа сезона не прави добри резултати и покрај вложените пари. Што се однесува до Сари, тој има откупна клаузула на седум и пол милиони евра.
На Наполи одлично му оди оваа сезона, втор е во италијанскиот шампионат со натпревар помалку од „нераѕурите“ и засега од девет одиграни натпревари, има само едно реми и осум победи. Токму со Интер одигра нерешено 0-0.
Во прилог на Сари говорат и неодамнешните пофалби на другите тренери, на прво место Пеп Гвардиола, кој изјави дека Наполи е квалитетна екипа.
„Тоа е еден од најдобрите тимови против коишто сум играл и како играч и како тренер“. Манчестер сити на Гвардиола успеа да победи со 2-1, со головите на Стерлинг и на Жесус во првото полувреме.

Најнови вести