Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2017

Еди Нкетија – новото откритие на Венгер

Еди Нкетија, младиот напаѓач на Арсенал, го обележа стартот на осминафиналето на англискиот Лига куп, а како и повеќето анонимни играчи на гигантот, и тој има интересна приказна.

Нкетија на неговото дерби за „топчиите“ постигна гол само по 15 секунди на теренот и го спаси лондонскиот тим да не биде елиминиран од Норвич, а потоа во продолженијата го одведе во четврт-финалето.
Овој 18-годишен фудбалер како ученик бил одбиен во Челзи бидејќи на „Стемфорд бриџ“ сметале дека физички нема да може да им парира на ривалите на теренот.
„Целосно бев разочаран, но тогаш Арсенал дозна дека сум достапен, го контактираа моето семејство и ме повикаа на тренинг. Само по една седмица ми понудија стипендија. Мислам дека е многу важно да се подигнеш по разочарувањето, а Арсенал ми даде шанса да го направам тоа“, изјави Нкетија.
Нкетија е вистински играч кој е роден по доаѓањето на Арсен Венгер во Арсенал и кој постигна гол за „топчиите“, а стручњаците го гледаат како совршен претставник на новата генерација професионални фудбалери.
Тој пред две сезони за младиот тим на Арсенал постигна 24 гола на 28 натпревари, а минатата 24 на 29.
„Мојата игра е силно темпо, движење, завршница. Но напредувам во држењето на топката, што е клучно за тимот, како што одлично го прави тоа Оливие Жиру. Работам и на својот скок во играта, веќе постигнав три гола со глава оваа сезона“, изјави младиот напаѓач.
Со Арсенал во септември минатата година потпиша професионален договор, а изминатото лето беше дел од тимот на летната турнеја низ Австралија и Кина.
„За договорот се изборив со напорна работа и со константниот труд да напредувам. Како професионалец сум одлучен да продолжам така бидејќи тоа ме приближува кон првиот тим, а знам колку се високи стандардите“, изјави Нкетија.
Често се случува талентираните играчи коишто доминираат во помладите селекции на клубовите да не ги исполнат потенцијалот и очекувањата, но уште првиот поглед кон Нкетија покажува дека тој е напаѓач каков што немало со години и дека многу брзо ќе го видиме во Премиер лигата.

Најнови вести