Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2017

Касилјас во јануари доаѓа во Ливерпул?

Икер Касилјас, легендарниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, во јануари ќе го напушти Порто и ќе се пресели во Ливерпул, пренесува „Марка“.

Како што се наведува, португалскиот клуб сака да се ослободи од Касилјас, кој е рекордерот според бројот на натпревари во Лигата на шампионите, поради неговата висока плата (пет милиони евра), па поради таа причина тренерот Сержио Консеисао го отстрани од голот, а бидејќи договорот му истекува налето, трансферот во јануари е приоритет.
Прв на листата заинтересирани е Ливерпул, кој на тој начин сака да го реши проблемот на голот бидејќи Јирген Клоп не е задоволен од формата на Симеон Мињоле и на Лорис Кариус.
Касилјас пред една и пол година дојде во Порто откако целата кариера ја помина во Реал и освои 18 трофеи, вклучувајќи ги трите во Лигата на шампионите и петте во Примера лигата, додека со Шпанија, за која бранеше 167 пати, два пати беше шампион на Европа (2008, 2012) и светски шампион во 2010 година.

Најнови вести