Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2017

Тотенхем во големи проблеми – без Кејн против Јунајтед

Хари Кејн, најдобриот напаѓач на Премиер лигата, поради повреда нема да игра во големото дерби со Манчестер јунајтед.

Тотенхем денес, од 13.30 часот ќе гостува на „Олд Трафорд“, а менаџерот Маурисио Покетино нема да може да смета на човекот кој оваа година ја полни мрежата на ривалите.
Кејн во минатонеделното дерби со Ливерпул, во кое постигна два гола, го истегна задниот дел на бутниот мускул и не успеа да закрепне, па ќе го пропушти натпреварот на „Театарот на соништата“.
Репрезентативниот напаѓач игра во феноменална форма оваа сезона, тој е најдобар стрелец на лигата со осум погодоци, а под водство на аргентинскиот тренер даде 83 гола во Премиер лигата, односно 52 повеќе од сите останати играчи на „петлите“.
Тотенхем на осум натпревари минатата сезона, кога поради повреда го немаше Кејн во тимот, имаше скор од пет победи и три ремија, со гол-разлика 13-5.
Тотенхем по девет одиграни кола, го дели второто место токму со Манчестер јунајтед, додека првопласираниот Манчестер сити има пет бода повеќе.

Најнови вести