Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2017

Гвардиола: Никој не станал шампион во јануари

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговиот тим не смее да се олабавува бидејќи сезоната е долга и има уште доста да се игра.

Манчестер сити и Наполи во среда играат меѓусебен натпревар во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а англискиот клуб е лидер во групата Ф со девет освоени бода, додека Наполи е на третото место со три бода.
„Нам ни е потребна уште една победа за да обезбедиме пласман во следната рунда, но одиме на гости кај екипата која е прва во Серија А. Се знае каков фудбал играат тие на нивниот стадион, така што ќе биде многу тешко. Тоа е одлична шанса за нас да го резервираме првото место и ќе дадеме сè од себе да го направиме тоа“, изјави Гвардиола.
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, неодамна изјави дека како што тргнал Сити, шампионската титула на Англија ќе може да ја слави уште во јануари. Но, Гвардиола не го дели неговото мислење, па на прашањето на новинарот изјави:
„Вие сте Англичанец, дали сте виделе некогаш шампион во јануари: Ниту јас исто“.

Најнови вести