Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2017

Баерн значително ослабен против Селтик

Фудбалерите на Баерн Минхен утревечер ќе гостуваат кај екипата на Селтик во Глазгов.

Германскиот тим на гостувањето заминува без најдобриот играч Роберт Левандовски.
Напаѓачот се повреди на натпреварот против Лајпциг, поради што мораше да излезе од игра на крајот на првото полувреме.
Ова може да биде голем проблем за Јуп Хејнкес, бидејќи надвор од редовите се и Томас Милер и Франк Рибери, па се поставува прашањето кој ќе биде напаѓачот и дали ќе ја промени формацијата.
Самиот Левандовски по натпреварот изјави дека веќе не може физички да го издржи темпото во кое игра натпревари на секои два-три дена, како и дека е потребно клубот да му најде играч кој би можело да го менува.

Најнови вести