Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2017

Интер се мачеше, но се врати на второто место

Фудбалерите на Интер ја совладаа Верона во гости со резултат 2-1 во натпреварот со којшто беше завршено 11-тото коло на италијанската Серија А.

Екипата на Лучијано Спалети се мачеше со една од најлошите екипи во првенството, но со индивидуалниот квалитет сепак успеа да извлече бодови.
Во првото полувреме немаше премногу шанси, а една искористи Борха Валеро во 36-тата минута – Кандрева од десната страна испрати совршен центаршут на другата статива и го погоди осамениот Шпанец, кој лесно ја затресе мрежата на домаќинот.
По еден час игра, Самир Хандановиќ несмасно реагираше и сакајќи да дојде до топката, го собори Черчи во казнениот простор, а сигурен изведувач на најстрогата казна беше Пацини.
Интер успеа да ја оправда улогата на фаворит и само осум минути подоцна, дојде до водство со погодокот на Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец го почека одбивањето по корнерот и од работ на казнениот простор ја испрати топката во мрежата.
Со овој триумф „нераѕурите“ се вратија на второто место со 29 бодови, два помалку од првопласираниот Наполи и еден повеќе од Јувентус.
Од друга страна, Верона остана во зоната на испаѓање само со шест бодови.

Најнови вести