Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2017

Лига на шампиони: Осминафиналето на дофат

Шест клуба вечерва ќе имаат шанса да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, по првите натпревари од четвртото коло на натпреварувањето.

Шанса за пласман во наредната рунда ќе имаат: Манчестер јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Челзи, Барселона и Јувентус.
Јунајтед, ПСЖ и Барселона се единствените екипи коишто ги имаат сите победи, покрај Бешикташ, кој неговиот натпревар од четвртото коло ќе го игра утре.
Јунајтед има девет бода во групата А и ја дочекува Бенфика, а победа на Базел над екипата на ЦСКА на швајцарската екипа ќе ѝ обезбеди пласман во наредната рунда.
Слична е ситуацијата и во групата Б, во која ПСЖ го дочекува Андерлехт, а Баерн гостува кај Селтик, каде што двете екипи ќе бараат шанса да победат на две кола пред крајот и со тоа да го осигурат местото во осминафиналето.
Понеизвесно е во групата Ц, каде што Челзи има седум бода, пред Рома со пет, Атлетико Мадрид со два и Карабаг со еден бод.
Челзи со победа ќе биде на чекор од пласман, а може и дефинитивно да продолжи понатаму ако ја победи Рома во гости, а Атлетико направи кикс во Мадрид против дебитантот Карабаг.
Барселона во групата Д има максимален учинок и против Олимпијакос во Атина има голема шанса, иако грчкиот клуб ќе има голем мотив бидејќи досега ги има сите три порази.
Јувентус има шест бода и ќе се пласира во осминафиналето ако го победи Спортинг во Лисабон, а Барселона го совлада Олимпијакос.
Лигата на шампионите оваа сезона е на добар пат да го собори рекордот според бројот на голови, кој во сезоната 1999/00 беше 292. Оваа сезона досега се постигнати 156 погодоци.
Англија сезонава ќе има шанса да стане прва земја која ќе има пет претставника во осминафиналето.
Сите натпревари се играат во стандардниот термин од 20.45 часот.

 

Најнови вести