Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

ПСЖ 17-0, на Барселона ѝ одговараше и реми

ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед и Барселона се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите по четири одиграни кола.

Првите три наведени екипи ги остварија сите триумфи, додека Барселона одигра без голови на гостувањето кај Олимпијакос, но и покрај тоа се пласира во наредната рунда.
Екипата на Ернесто Валверде, која Силвио Прото ја запре на стадионот „Јоргос Караискакис“, профитираше од ремито меѓу Јувентус и Спортинг бидејќи Португалците останаа на шест бодови под Каталонците.
Спортинг на неговиот стадион поведе со голот на Цесар во првото полувреме, кога Желсон Мартинс ја промеша одбраната на ривалот, но вреден бод на „старата дама“ ѝ донесе Гонзало Игуаин на десетина минути пред крајот на средбата. Сега во најдобра позиција се Барселона и Јувентус, коишто ќе ги одмерат силите во следната рунда.
Во групата А, Јувентус со 2-0 ја продолжи агонијата на Бенфика и го задржа максималниот учинок, додека ЦСКА од Москва со пресвртот го одложи славењето на Базел – 1-2. 
Во групата Д, двата најголеми фаворита веќе се пласираа во осминафиналето. ПСЖ го оствари четвртиот триумф без примен погодок, додека успешен беше и Баерн Минхен. Парижаните на домашен терен го демолираа Андерлехт со 5-0, „баварците“ се намачија во Глазгов против Селтик, но на крајот триумфираа со 2-1. ПСЖ со тоа го продолжи теророт во Лигата на шампионите со четири триумфи и гол-разлика од 17-0.
Во групата Ц, Атлетико Мадрид одигра реми (1-1) со Карабаг, со коешто „јорганџиите“ веројатно и ќе останат без осминафиналето. Мичел ги доведе гостите во водство, а феноменалниот Парти го постави конечниот резултат. Атлетико се наоѓа на третата позиција во групата само со три бода, четири помалку од второпласираниот Челзи, кој доживеа дебакл на „Олимпико“ – 3-0.
Рома со двократниот стрелец Ел Шарави го декласираше шампионот на Англија (3-0) и го презеде челото на табелата.

Најнови вести