Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2017

Тотенхем две седмици без Љорис

Уго Љорис, голманот на Тотенхем, ќе отсуствува од теренот околу две седмици поради повреда на препоните.

Францускиот голман се повреди во средата вечерта, во текот на натпреварот со Реал Мадрид (3-1)  во Лигата на шампионите, кога се судри со играчот на шпанската екипа Серхио Рамос.
Лекарите му укажаа помош на теренот и потоа го одигра целиот натпревар, но сепак ќе мора да паузира.
Љорис ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата на Франција против Велс на десетти ноември и четири дена подоцна против Германија, но и натпреварот меѓу Тотенхем и Кристал палас во недела во Премиер лигата.

Најнови вести