Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2017

Пораз на Вардар и на гостувањето во Сан Себастијан

Македонскиот шампион Вардар загуби со 3-0 на гости кај Реал Сосиедад во натпреварот од Лигата на Европа и го забележа четвртиот убедлив пораз во групната фаза од ова натпреварување.

Вардар на „Аноета“ доживеа нов убедлив пораз. „Црвено-црните“ одиграа солидно во првите десетина минути, но потоа Реал Сосиедад целосно ја презеде иницијативата на натпреварот и се играше само пред голот на македонскиот тим.
Првиот гол за водство на Реал Сосиедад го постигна Хуанми со глава во 31-вата минута. Во 69-тата минута, по центаршутот на Еспиноза, Де ла Бела постигна гол со волеј и го зголеми водството на 2-0. Десетина минути подоцна, по асистенцијата на Каналес, Јон погоди и со тоа го постави конечниот резултат од 3-0.
Македонскиот шампион немаше ниту една посериозна шанса за гол на натпреварот, иако беше подобар од средбата во Скопје, сепак изгледаше немоќен да направи нешто повеќе.
Вардар во следниот натпревар ќе гостува кај Зенит на 23-ти ноември.

Најнови вести