Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2017

Најнголан повторно во репрезентацијата на Белгија

Белгискиот фудбалер Раџа Најнголан е сместен во составот на националниот тим за пријателските натпревари против Мексико и против Јапонија овој месец.

Селекторот Роберто Мартинес го повика играчот за врска на Рома за прв пат од март, кога беше отстранет од екипата поради неспортскиот начин на живот и поради пушењето.
Најнголан е во добро издание во дресот на римскиот клуб и заслужи Мартинес да го повика повторно, за што се крена голема прашина во Белгија.
Овој 29-годишен фудбалер изрази незадоволство од потезите на Мартинес, дури и јавно објави дека се збогува од репрезентацијата, но подоцна се премисли.
Најнголан за репрезентацијата на Белгија одигра 29 натпревари и даде шест гола.
Репрезентацијата на Белгија натпреварот против Мексико го игра на десетти ноември, а четири дена подоцна ќе се сретне со Јапонија.

Најнови вести