Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2017

Абрамович го губи трпението, Конте пред отказ?

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, е блиску до напуштање на клубот поради серијата лоши резултати во последните неколку натпревари, јавува „Скај спорт“.

Бледите партии на клубот од Лондон кулминираа по убедливиот пораз од Рома во Лигата на шампионите (3-0), што прилично ги наруши односите меѓу италијанскиот стручњак и сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ.
Лошите односи меѓу нив двајца почнаа уште од несогласувањата околу статусот на напаѓачот Диего Коста и неговиот трансфер во Атлетико Мадрид.
Челзи по десет одиграни кола, се наоѓа на четвртото место со 19 бодови и скор од шест победи, едно реми и три порази, а утре ќе го дочека Манчестер јунајтед.
Конте во Челзи стигна во 2016 година и уште во првата сезона на лондонскиот тим му ја донесе титулата.

Најнови вести