Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2017

Мурињо: Сè беше во наши раце

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е разочаран по поразот од неговиот некогашен клуб Челзи на „Стемфорд бриџ“.

Актуелниот шампион во Лондон славеше со голот на Алваро Мората и го задржа четвртото место на табелата со 22 бода.
„Натпреварот беше изедначен. Двете екипи можеа да победат. Првиот кој ќе постигне погодок во ваквите натпревари обично и победува“, изјави тренерот на Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ и Тотенхем го делат второто место и по 11 кола, имаат осум бодови помалку од водечкиот Манчестер сити.
„По изедначеното прво полувреме, единствен сегмент во којшто Челзи беше подобар е што заврши со гол во нашата мрежа. Потоа емотивно паднавме и желбата и рамнотежата во играта на играчите на Јунајтед се појавија дури во последните 15-20 минути. Сè беше во наши раце. Имавме шанси, но не ги реализиравме“, изјави Мурињо.

Најнови вести