Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2017

Мурињо лут на Јунајтед, веќе размислува да си замине

Изгледа дека Жозе Мурињо не може без проблеми каде и да отиде, па тие се појавија и во Манчестер јунајтед многу порано од очекуваното.

Мурињо важи за еден од најдобрите тренери на светот, минатата година триумфираше во Лигата на Европа, но последната титула во националното првенство ја освои во сезоната 2014/15.
Се чинеше дека по преодниот рок конечно ќе направи конкурентски тим од „црвените ѓаволи“, но по 11 одиграни натпревари, тие имаат осум бодови помалку од првопласираниот Сити.
Освен слабите резултати, проблем претставува и тоа што навивачите не се задоволни од играта, додека истовремено португалскиот стручњак не е задоволен од управата на клубот. Според пишувањата на локалните медиуми блиски до клубот, Мурињо размислувал да го напушти Јунајтед до крајот на сезоната, една година пред да му истече договорот.
„Не верувам, не сум сигурен дека кариерата ќе ја завршам овде“, изјави Мурињо неодамна.
Неофицијално, не е задоволен од поддршката од страна на управата од „Олд Трафорд“ и брзо влезе во судир со директорот Ед Вудворд бидејќи смета дека англискиот гигант не вложил доволно во тимот. Јунајтед ова лето потроши 150 милиони фунти на трансфери, 70 отсто помалку од градскиот ривал на чие чело е Пеп Гвардиола, а кој гази сè пред себе од почетокот на сезоната.
Тој сакаше во тимот да ги има Иван Перишиќ, Нејтан Даер и Герет Бејл, што, како што пишува „Манчестер ивнинг њуз“, Вудворд не го исполнил, а доволно конкретна понуда не е испратена ниту за Антоан Гриезман.
Весникот наведува дека ПСЖ сака Унаи Емери да го замени со Мурињо, кој, меѓу редови, најави дека следната работа би можело да ја има во Париз, а тој е еден од ретките клубови кој може да ги исполни неговите финансиските барања.

Најнови вести