Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2017

Манчестер сити највреден клуб на светот

Според податоците на Меѓународниот центар за спортски студии, меѓу петте највредни тимови на светот се наоѓаат четири клуба од Премиер лигата. Во десетте најскапи уште три се шпански, еден француски и еден италијански тим. Прв на листата е Манчестер сити (1,196 милијарди).

Според споменатиот извештај, играчите на „граѓаните“ вредат повеќе од една милијарда евра. Вредност со ист број цифри имаат и Тотенхем (1,173 милијарди), Барселона (1.130) и Челзи (1,040).
Потоа следуваат: Манчестер јунајтед (919 милиони), Реал Мадрид (903), Ливерпул (901), ПСЖ (864), Атлетико Мадрид (800) и Јувентус (743).
Кевин де Бројне е најскапиот играч на Сити, вреди 114,5 милиони евра, додека Рахим Стерлинг, Лерој Сане и Габриел Жесус се проценуваат на сто милиони европски банкноти.
Првата позиција на Манчестер сити не изненадува, со оглед на тоа дека во летниот преоден рок потроши околу 220 милиони евра. Вложените пари им се исплатуваат на „граѓаните“ бидејќи моментно се лидери во Премиер лигата со предност од осум бода во однос на второпласираниот Јунајтед.
Позицијата на Тотенхем се чини неочекувана. Тимот на Маурисио Покетино се состои од млади таленти, чија вредност расте. Најскапиот играч на „петлите“ е Хари Кејн, кој вреди 185,6 милиони евра, додека Деле Али вреди 181,7 милиони.
Рекордниот трансфер од 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ го направи Нејмар највреден играч на светот, што е речиси четвртина од вредноста на целиот тим.

Најнови вести