Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Суарес: Ќе се вратам во спектакуларен стил

Луис Суарес, напаѓачот на Барселона, ќе ги прескокне пријателските натпревари на репрезентацијата на Уругвај во ноември, со што поодморен би се вратил на обврските во Ла Лига. Одличниот голгетер изјави дека паузата добро ќе му дојде и дека враќањето ќе биде во голем стил.

Суарес во сите натпреварувања од почетокот на сезоната постигна само три гола, а бидејќи и понатаму е во потрага по вистинската форма по повредата, можеби овој мал одмор е она што му беше потребно.
Уругваецот изјави дека верува дека е така и дека одморот од две седмици дошол во вистинско време.
„Бидејќи ќе се одморам и ќе закрепнам во овие две седмици, ќе се вратам на спектакуларен начин. По повредата на коленото, прерано се вратив на теренот и на долги патеки тоа не беше добро. На физичко ниво бев под притисок, а немав одмор поради обврските во државниот тим, Најдоброто што можеше да се случи е тоа што постигнав договор со Барселона и со репрезентацијата. Клубот ме пушти да му се приклучам на тимот на Уругвај веднаш по повредата, додека сега пријателските натпревари против Полска и против Австрија не се приоритет“, изјави Суарес.
Барселона е првопласирана на табелата на шпанското првенство по 11 одиграни кола, а во продолжението на натпреварувањето многу ќе им значи присуството на теренот на одличниот Уругвај. Прашање за него е дали и понатаму има проблеми со коленото.
„Не, не, не. Нема веќе непријатност, само внимание. Секогаш имате страв дека можете да добиете удар и дека сè ќе се влоши. Но по овој одмор, со правилен третман, секоја болка ќе исчезне“, изјави Луис Суарес.

 

Најнови вести