Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Суарес го повика Кутињо во Барселона

Луис Суарес, напаѓачот на Барселона, јавно го повика Филипе Кутињо, поранешниот соиграч од Ливерпул, да му се придружи на „Камп ноу“.

Кутињо летоска инсистираше да направи трансфер во Барселона, поради тоа едно време беше надвор од тимот, но Ливерпул одби повеќе понуди, дури и од 130 милиони евра.
Барселона во меѓувреме го доведе Усман Дембеле за 104 милиони евра од Борусија Дортмунд, а тој се повреди уште во вториот натпревар.
„Со Кутињо сум многу добар пријател, тој е амбициозен фудбалер и објективно Филипе би бил многу возбуден да дојде во Барселона. На секој играч му е тешко кога клубот нема да му дозволи да отиде во Барселона, но Кутињо е професионалец и тренира уште посилно“, изјави Суарес.
Уругваецот додаде дека смета дека Кутињо ги има сите квалитети да стане фудбалер на Барселона.
„Тој е одличен и како личност и како фудбалер. И покрај тоа што сакаше да го напушти Ливерпул, продолжи да игра во вистински ритам. Многу би придонел за Барселона, игравме заедно и знам дека е врвен играч“, додаде Уругваецот.
Суарес и Кутињо 18 месеци беа соиграчи во Ливерпул, во периодот од јануари 2013 до летото 2014 година, а потоа уругвајскиот голгетер направи трансфер на „Камп ноу“ и освои сè што можеше на клупската сцена.

Најнови вести