Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Рамос: Вратите на Реал секогаш се отворени за Нејмар

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, го искористи незадоволството на Нејмар во ПСЖ за да го повика да дојде во редовите на шампионот на Европа.

Според извештаите на француските медиуми, Нејмар е во судир со тренерот Унаи Емери, претходно беше и со соиграчот Единсон Кавани околу изведувањето на пеналите и слободните удари, што беше причина за шпекулирање дека би можело да си оди од Париз.
„Сакам да имам најдобри соиграчи и јасно е дека Нејмар е еден од нив. Можеби му беше полесно прво да отиде во ПСЖ, наместо директно во Реал. Тоа се лични одлуки, никогаш не можете да предвидите што може да се случи. Фудбалот е вртелешка. Вратите му се отворени да дојде во Реал, имам добар однос со него“, изјави Рамос за радиото „Кадена сер“.
Нејмар летоска стана убедливо најскапиот фудбалер со трансферот вреден 222 милиони евра од Барселона, но и покрај големиот број голови и асистенции во дресот на ПСЖ, се зборува за негово незадоволство.
Тој вкупно даде 11 голови во француската Лига 1 и во Лигата на шампионите и тоа е една од причините зошто ПСЖ е прв во шампионатот и веќе обезбеди пласман во осминафиналето на најсилното европско клупско натпреварување.

Најнови вести