Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Модриќ: Нè чека тврд натпревар

Лука Модриќ, капитенот на репрезентацијата на Хрватска, изјави дека ударите и провокациите се составен дел од спортот, но дека не смее да реагира на нив во текот на натпреварите од баражот за Светското првенство против Грција.

Хрватска денес ќе ја дочека Грција во првиот натпревар, а сојузите на двете земји претходно се договорија дека нема да има гостински навивачи на дуелите.
„Нè чека тврд, тежок и борбен натпревар. Најважно е да бидеме мирни, да не брзаме, да бидеме стрпливи како што бевме во Украина. Ќе создадеме шанси и тогаш мораме да бидеме сконцентрирани. Би биле најсреќни со добра партија и победа без примен гол. Натпреварите со Грција обично завршуваат со малку погодоци и се надеваме дека ние ќе ги постигнеме играјќи ја својата игра“, изјави капитенот Модриќ.
„Секогаш е полесно да се играат натпревари во кои ривалот сака да се надигрува. Против ваквите екипи мораме да играме брзо и да создаваме вишок stvarati višak во играта еден на еден. Ударите и провокациите се составен дел од фудбалот, не смеам да дозволам тие работи да ме исфрлат од ритам“, додаде хрватскиот репрезентативец.
На прашањето кои се најголеми адути на грчката репрезентација, капитенот на „огнените“ изјави:
„Не би издвојувал грчки поединци бидејќи се компактни како екипа. Имаат играчи од добри европски клубови, што е доказ дека се квалитетна репрезентација. На некои сигурно ќе им посветиме посебно внимание.“
До синоќа биле продадени 28.500 влезници, а капацитетот на стадионот за претстојниот натпревар изнесува 32.400 гледачи.
„Секој натпревар за Хрватска носи одреден притисок, но нема да нè sputati. Атмосферата е добра, како и секогаш, секој ден разговараме за Грците и подготвени сме. Во игра е пласманот на Светското првенство и верувам дека ќе одиграме вистински натпревар. Ќе имаме поддршка од трибините, тоа ни е дополнителен мотив“, изјави Модриќ.
Натпреварот на „Максимир“ се игра вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести