Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2017

Фридел на клупата на Њу Ингланд во МЛС

Бред Фридел, некогашниот голман на репрезентацијата на САД со долгогодишно искуство во Премиер лигата, за прв пат ќе работи како тренер во некој клуб.

Фридел, кој кариерата ја заврши во Тотенхем, а пред тоа ги бранеше боите на Ливерпул, Блекбурн и Астон вила, е поставен за нов тренер на екипата на Њу Ингланд револушн.
Тој претходно ја водеше селекцијата на САД до 19 години.
Њу Ингланд неодамна го отпушти тренерот Џејс Хипс по разочарувачката сезона. Екипата заврши на седмото место на Источната Конференција.

Најнови вести