Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2017

Модриќ: Би било трагедија да го испуштиме ова

Лука Модриќ, капитенот на Хрватска, беше многу задоволен од првиот натпревар од баражот за Мундијалот, но изјави дека не смее да има релаксирање.

Хрватска во првиот натпревар пред нејзините навивачи ја совлада Грција со 4-1.
„Одигравме врвен натпревар од првиот до последниот играч. Резултатот 4-1 звучи одлично, не смееме да бидеме незадоволни од него, тоа е повеќе отколку што очекувавме. Ја завршивме пола работа, но нема релаксирање. Не смееме да паднеме во еуфорија, нè чекаат уште тешки 90 минути“, изјави капитенот на Хрватска.
Модриќ уште еднаш изјави дека ништо не е завршено и додаде дека Хрватска не смее да се брани во реваншот.
„Грците ни дадоа гол од првиот прекин и покажаа колку се опасни. Резултатот 4-1 е добар, но и незгоден ако на реваншот не ја повториме ваквата игра. Навистина би било трагедија да пропуштиме ваква предност. Во Грција не смееме да се браниме, туку да играме како во Украина и како што игравме синоќа“, изјави Модриќ.
Реванш-натпреварот меѓу Хрватска и Грција се игра во недела.

Најнови вести