Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2017

Марсеј го отпушти Евра по суспензијата на УЕФА

Францускиот фудбалер Патрис Евра договорно ја раскина соработката со Олимпик од Марсеј само по неколку часа откако Европската фудбалска унија го суспендира на седум месеци од натпреварувањето под нејзина закрила.

Евра е казнет поради тоа што пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа со Виторија Гимараис го удри со нога навивачот на неговиот тим.
Суспензијата која му е изречена му истекува во јуни наредната година, истиот месец кога му истекува и договорот со францускиот клуб.
Бидејќи играше за Олимпик во Лигата на Европа, Евра не би можел да игра за ниту еден друг клуб во некое европско натпреварување, без оглед на суспензијата.
Покрај суспензијата, тој е казнет и со 10.000 евра.
Евра во Марсеј стигна во јануари оваа година од Јувентус, каде што помина три години.
Француските медиуми пренесоа дека навивачите на Марсеј го исвиркувале Евра додека фудбалерите се загревале пред натпреварот со португалскиот клуб пред една седмица. Францускиот фудбалер потоа им пришол и дошло до судирот, а поради тоа го суспендираа уште пред да почне натпреварот.

Најнови вести