Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Хрватска по петти пат на Светското првенство

Фудбалерите на Хрватска се пласираа на Светското првенство, петто од последните шест Мундијали.

„Огнените“ со ремито без голови со Грција во Пиреја ги одбранија импресивните 4-1 од првиот натпревар на „Максимир“.
Хрватите на „Јоргос Караискакис“ одиграа исклучително дисциплинирано, без борбеност во нападот, пред сè концентрирајќи се на одбраната на нивниот гол.
Грците се обидоа со силен притисок на стартот на натпреварот да дојдат до брз гол, но беа немоќни во завршницата на нападот.
Во текот на 90-те минути во Пиреја имаше жестока борба, пред сè во редот за врска, без вистински шанси за гол, а најблиску до погодок беа гостите - Иван Перишиќ на крајот на првото полувреме ја погоди стативата со удар од околу 25 метри.
Хрватска ѝ се придружи на Швајцарија, која исто така со реми без голови во реваншот го завери триумфот од Северна Ирска, а преостанатите реванш-натпревари од европскиот бараж за Мундијалот 2018 се играат денес (Италија – Шведска, 0-1) и утре (Ирска – Данска, 0-0).

Најнови вести