Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Италија пред викиншка инвазија

Претходните 14 Светски првенства не поминаа без настапот на репрезентацијата на Италија, но не се знае дали на таа серија ѝ дојде крајот.

По 60 години, „аѕурите“ би можело да го пропуштат Мундијалот, а тоа ќе биде сензационално за селекцијата на Шведска.
„Викинзите“ пред неколку дена славеа со минимален резултат на нивен терен во предградието на Стокхолм, па вечерва ќе стрепти „Сан Сиро“ во Милано.
Италија има поголем притисок и поради тоа што жестоко критикуваниот селектор Џампјеро Вентура нема да може да смета на Марко Верати, суспендираниот играч за врска на ПСЖ, а јасно е и дека ќе мора многу да менува во однос на првиот натпревар.
Последната линија веројатно повторно ќе биде во составот Барцаљи, Бонучи, Кјелини, најголема рокада се очекува во редот за врска, па на теренот на „Сан Сиро“ би требало да истрча квинтетот Кандрева, Пароло, Жоржињо, Флоренци, Дармијан, а пред нив Чиро Имобиле, кој играше и во Стокхолм, додека на Вентура веројатно ќе му го замени партнерот, а тоа би можело да биде Симоне Зага.
Од друга страна, кај Швеѓаните се очекуваат две промени, суспендираниот натпревар го одработи десниот бек Микаел Лустиг, па се враќа во тимот, додека поради повреда на препоните, ќе отсуствува централниот играч за врска Албин Екдал.
Во секој случај, една работа е сигурна, ќе се играат 90 жестоки, напнати и незаборавни минути фудбал. Натпреварот почнува во 20.45 часот.

Најнови вести