Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2017

Адвокат го собори рекордот, па ја напушти Холандија

Дик Адвокат се збогува од клупата на репрезентацијата на Холандија со рекордна 37-ма победа по натпреварот против Романија (3-0).

Адвокат го заврши третиот мандат во селекцијата на Холандија, и тоа откако во Букурешт стана селектор со најмногу победи во историјата на „лалињата“.
Тој го надмина рекордот стар дури 77 години на англискиот стручњак Боб Гленденинг, кој имаше 36 триумфи на клупата на Холандија, еден повеќе од легендарниот Марко ван Бастен.
„Си заминувам бидејќи мислам дека е време за нова генерација. Воопшто не се двоумев околу заминувањето, време е младите да се покажат“, изјави Адвокат, а пренесува Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Адвокат во мај ја презеде Холандија и оствари шест победи на седум натпревари, но тоа не беше доволно во квалификациската група за Мундијалот да биде пред Франција и пред Шведска.
Холандскиот тренер кратко, само четири месеци, беше селектор и на Србија, и тоа неуспешно во квалификациите за Европското првенство 2016 година.
Во текот на долгата кариера, ги водеше репрезентациите на: Белгија, Јужна Кореја, Русија, Обединетите Арапски Емирати, а на клупската сцена беше тренер на: ПСВ од Ајндховен, Глазгов ренџерс, Борусија Менхенгладбах и Сандерленд.

 

Најнови вести