Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2017

Перу последен патник на Мундијалот

Репрезентацијата на Перу е последниот учесник на Светското првенство во Русија 2018 година.

Перуанците во реваншот од баражот го совладаа Нов Зеланд на преполниот „Национален стадион“ во Лима со 2-0 (1-0), па на Мундијалот ќе играат по петти пат.
По средбата без голови во Велингтон, првиот погодок пред 50.000 навивачи го постигна легендарниот Џеферсон Фарфан во 28-мата минута, по асистенцијата на Кристијан Куевас, со одличен и силен удар од десетина метри пред гостинскиот гол.
Со тој резултат заврши првото полувреме, а конечниот го постави Кристијан Куевас, по точно дваесет минути игра во вториот дел од средбата, откако најдобро се снајде по корнерот и гужвата во срцето на шеснаесетникот.
Ова ќе биде петти пат Перуанците да играат на Мундијалот, по 1930, 1970, 1978 и 1982 година, а најголемиот успех го остварија во Мексико 1970 година, кога стигнаа до четврт-финалето.
Дваесет и првото Светско првенство на ФИФА на програмата е од 14-ти јуни до 15-ти јули 2018 година во 11 градови и на 12 стадиони ширум Русија.

Најнови вести