Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2017

Агуеро: Подготвен сум за Лестер

Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, изјави дека по здравствените проблеми во текот на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Аргентина и на Нигерија, не чувствува никакви тегоби.

„Ќе бидам подготвен за саботниот натпревар“, изјави 29-годишниот Аргентинец.
Агуеро беше одведен во болница на полувремето од натпреварот во којшто репрезентацијата на Аргентина беше поразена со 4-2.
Од редовите на „граѓаните“ потоа соопштија дека лекарите му одобриле на Агуеро да се врати во Манчестер бидејќи вртоглавиците што ги чувствувал поминале и во ниту еден момент не изгубил свест.
Аргентинскиот напаѓач неодамна се врати на теренот по повредата со која се здоби во сообраќајната несреќа во Амстердам.
Манчестер сити моментно е прв на табелата со 31 освоен бод, осум повеќе од второпласираниот Јунајтед.
Во наредното коло, тимот на Пеп Гвардиола ќе ги одмери силите со Лестер во гости, а натпреварот на програмата е утре, од 16 часот.

Најнови вести