Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2017

Врие во соблекувалната на Реал – Рамос наспроти Роналдо

Шпанската „Марка“ тврди дека резултатската криза на Реал Мадрид ја следат лошите меѓусебни односи на играчите во редовите на шампионот на Европа.

Мадридскиот весник тврди дека во судир се двата клучни играчи на кралскиот клуб – капитенот Серхио Агуеро и најдобриот стрелец Кристијано Роналдо.
Рамос му забележува на Роналдо за изјавата во која како причина за слабите резултати на тимот оваа сезона го навел тоа што си заминале Џејмс Родригес, Алваро Мората и Пепе изминатото лето.
Капитенот смета дека афирмацијата на младите играчи Начо, Марко Асенсио, Дани Себалјос и останатите, со коишто има многу подобар однос отколку Португалецот, е вистинскиот пат по кој би требало да оди Реал.
Реал заостанува дури со осум бода зад Барселона само по 11 кола од Ла Лига, а не блеска ниту во Лигата на шампионите, каде што во последниот натпревар доживеа дебакл од Тотенхем со 3-1 на гостувањето во Лондон.
Дека односот на Рамос и Роналдо не е најдобар, потврдува и неговата изјава по ремито во пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Русија (3-3).
Новинарите го прашале за коментар во врска со шпекулациите дека Бразилецот Нејмар да Силва, неодамнешниот играч на најголемиот ривал Барселона, би можело следното лето да направи трансфер од ПСЖ токму во Реал.
„Вратите на клубот му се отворени“, изјави Рамос, а потоа додал коментар и за шпекулациите за заминување на Роналдо:
„Кристијано си заминува? Немам поим за тоа, морате да го прашате него“.
Реал викендов го игра градското дерби со Атлетико на „Ванда Метрополитано“, утре од 20.45 часот.

Најнови вести