Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2017

Покетино: Венгер е еден од најголемите, на ниво на Фергусон

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, изјави дека секој би требало да зборува со почит за Арсен Венгер поради тоа што го направи во текот на кариерата во Арсенал.

„Тешко е да се задржи мотивацијата подолго од три години. Кога зборувате за 20 години, тогаш тоа е неверојатно. Затоа секој мора да го почитува Венгер. Тој е мој непријател бидејќи го води Арсенал, но морам да го почитувам. Беше иноватор, а тоа е тешко да се направи. Креираше проект со негови идеи и филозофија. Од таа причина многу му се воодушевувам“, изјави аргентинскиот стручњак.
„Би сакал како него да поминам 20 години во Тотенхем. Во историјата на фудбалот тој е еден од најголемите менаџери, на ниво на Фергусон“, додаде Покетино.
Арсенал и Тотенхем ќе се сретнат во дербито на северниот дел на Лондон, во натпреварот од 12-тото коло на Премиер лигата денес од 13.30 часот.
По 11 одиграни кола, Тотенхем ја дели втората позиција со Манчестер јунајтед со по 23 бода, додека Арсенал го дели шестото место со Ливерпул и Барнли со по 19 бода.

Најнови вести