Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2017

Кејн: Целта ми е целата кариера да ја поминам во Тотенхем

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, за германскиот „Билд“ изјави дека нема намера да го напушти лондонскиот клуб, иако постојано се зборува за негов трансфер во Реал од Мадрид.

Англискиот офанзивен играч Хари Кејн игра одлично, а мултимилионски понуди стигнуваат од многу страни. Кејн постигна 13 погодоци за Тотенхем во сите натпреварувања, од кои осум во Премиер лигата, а во меѓувреме беше и капитен на Англија, која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија 2018 година токму со неговиот погодок против Словенија.
Англичанецот не сака да ја менува средината, туку сака со Тотенхем да освојува трофеи, кои навивачите со нетрпение ги чекаат.
„Мојата цел е целата кариера да ја поминам само во Тотенхем. Имаме фантастичен тим, одличен тренер, професионален центар за тренирање, а ќе добиеме и нов стадион. Моментно овде сè ми одговара и јас сум среќен“, изјави Кејн за „Билд“.
Тотенхем викендот во Премиер лигата изгуби во градското дерби од Арсенал со 2-0, а Кејн играше до 75-тата минута. „Петлите“ во англискиот шампионат моментно се четврти со 23 бода, додека во следниот натпревар го дочекуваат Вест Бромич албион. Пред тоа, во Лигата на шампионите утре ќе играат против Борусија во Дортмунд.

Најнови вести