Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

Дојде крајот на владеењето на Златан

По десет години, Златан Ибрахимовиќ прв пат не е прогласен за најдобар шведски фудбалер на годината, а тоа признание отиде во рацете на Андреас Гранквист.

Ибрахимовиќ, кој се повлече од репрезентацијата по разочарувачкото Европско првенство во Франција, беше доминантен во изборот за Златната топка од 2007 до 2016 година.  Таа награда ја освои вкупно 11 пати, а ниту еден друг фудбалер во историјата не го направил тоа повеќе од два пати.
Гранквист, наследникот на Ибрахимовиќ на местото капитен, минатата недела ја предводеше Шведска до пласманот на Светското првенство во Русија наредната година. Швеѓаните во баражот за Мундијалот направија големо изненадување елиминирајќи ја Италија со вкупен резултат 1-0.
Триесет и двегодишниот дефанзивен играч моментно ги брани боите на Краснодар, кој изминатото лето Црвена ѕвезда го елиминираше во баражот за Лигата на Европа. Шведскиот фудбалер беше стрелец на голот од пенал на стадионот „Рајко Митиќ“ во реванш-натпреварот кој беше завршен со триумф на „црвено-белите“ со 2-1 и нивен пласман во Лигата на Европа.
Тоа што Гранквист ја освои наградата за најдобар фудбалер е големо изненадување, не само поради крајот на доминацијата на Ибрахимовиќ, туку и поради тоа што Емил Форсберг беше фаворит за тоа признание.
Но, Ибрахимовиќ не остана без награда на годинашната свеченост. Триесет и шестгодишниот напаѓач минатиот викенд се врати на теренот по тешката повреда на коленото, а два дена подоцна го доби признанието за најдобар напаѓач.

Најнови вести