21.11.2017 Перес не сака да чека, Санчес во Реал за 30 милиони?
Реал Мадрид, шампионот на Европа, се вклучи во трката со Манчестер сити и ПСЖ и за Алексис Санчес е подготвен да плати 30 милиони евра.
Шпанскиот весник „Дон Балони“ тврди дека Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, не сака да чека до крајот на сезоната, кога на Санчес му истекува договорот, туку ќе се обиде да го доведе уште во јануари.
Во Реал сакаат да се засилат во нападот, особено поради тоа што сметаат дека летоска го испушиле Килијан Мбапе, кој го избра ПСЖ.
Чилеанскиот напаѓач пред трансферот во Арсенал, три години настапуваше за најголемиот ривал на Реал, Барселона (2011-2014) и доколку се одлучи да се врати во Шпанија, би бил еден од ретките фудбалери коишто ги носеле дресовите на двата големи ривали.
Пред него тоа го направија: Луис Енрике, Михаел Лаудруп, Роберт Просинечки, Самуел Ето, Георге Хаџи, Луис Назарио де Лима Роналдо, Луиш Фиго...