Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2017

Роналдо го собори рекордот во Лигата на шампионите

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид, го собори рекордот во Лигата на шампионите за најмногу постигнати голови во текот на една календарска година.

До синоќа имаше 16 голови и му фалеше уште еден за да го собори сопствениот рекорд, кој го постави пред две години, а на натпреварот против АПОЕЛ беше стрелец два пати и сега има 18 постигнати погодоци.
Можеби формата во Ла Лига не му е на место, но во Лигата на шампионите дефинитивно му оди како што треба.
На првите три места се наоѓа неговото име, а само во текот на оваа сезона даде шест голови. Моментно е најдобар стрелец, пред Хари Кејн од Тотенхем, кој оваа есен мрежата ја затресе пет пати. Зад Роналдо со 15 голови повторно е Роналдо, додека Лионел Меси е на четвртото место со 13 погодоци во текот на минатата година.
Роналдо по 13 голови постигнуваше во 2012 и во 2014. Покрај нив двајца, место во првите десет најде само уште Роберт Левандовски предминатата година, кога имаше 11 погодоци.

Најнови вести